По убиството на 27 годишниот Афроамериканец Рејшард Брукс кој бил застрелан при обид за апсење од „бели“ полицајци, избувнаа немири во Атланта, а демонстранти го запалија ресторанот пред кој се случи убиството.
Немирите избувнаа откако градоначалникот на Кејша, Ленс Ботомс, рече дека прифатил оставка на началникот на полицијата, Ерика Шилдс, за смртта на 27-годишниот Рејшард Брукс.
Брукс, кој заспал во автомобилот и пружал отпор при апсење, бил татко на ќерка која го прославила својот роденден во саботата, рекоа неговите адвокати.
Неговата смрт од полициски куршум дојде по повеќе од две недели демонстрации во поголемите градови во САД поради смртта на 46-годишниот Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај под коленото на полициски службеник во Минеаполис.
На снимките од локалната телевизија се гледа ресторанот во оган.





