Професорката Гордана Силјановска Давкова на шеговит начин ја коментира амнезијата на претседателот Пендаровски кој заборавајќи што рекол пред десетина дена сега тврди нешто друго.
Во ироничниот статус насловен “Најново медицинско-политичко откритие”, Силјановска прави вивисекција на однесувањето на власта која инсистира на брзи избори иако бројките укажуваат на сериозна опасност по здравјето на граѓаните во изборниот процес.
Целиот статус на професорката:
Македонски народен лекар открива дека, Ковид 19, специфично влијае врз HOMO МACEDONICUS POLITICUS. Имено, тој активира еден друг, уште поопасен вирус од ЕНДЕМСКИ ВИД, познат како „ЗАЕВИЗАМ“, кој што посебно ги напаѓа носителите на највисоките функции на власта.
Негови симптоми се недоследноста и конфузијата на ставовите, СЕБЕпротивречност, па дури и АМНЕЗИЈА за причините за донесување на важни одлуки за државата и нацијата. ИНФИЦИРАНИТЕ забораваат на што се повикувале кога одлучувале, па сега носат одлуки кои што се спротивни на претходните.
На повидок е ВАКЦИНА која што ќе мора да ја примат сите претенденти за власт, како ОСОБЕНО РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ, но најпрво ТРЕБА да се изолираат заболените!
https://www.facebook.com/777129052644972/posts/1151727141851826/?sfnsn=mo&d=n&vh=e





