Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија новинарот Зоран Иванов загатна уште една можна варијанта со која би се задоволиле најавите на ДУИ дека е време за Албанец премиер, но истовремено таа функција да ја задржи СДСМ.
„Вие земете го за пример СДСМ, колку Албанци гласаа на минатите избори и на локалните за таа партија, дури и градоначалник имаат во чисто албанска средина.
Значи сакам да кажам дека на СДСМ, претпоставувам, не би им пречело од своите редови да има Албанец и да го стави за премиер утре. Воопшто не е спорно, без оглед на изборните резултати ако таа партија формира влада“, рече Иванов.





