Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус.
Како што се дознава, тој е хоспитализиран на Инфективна клиника, откако му биле направени сите прегледи, поради наодот од рентгенот на белите дробови.
Не е познато дали негови соработници од администрацијата во Општина Гази Баба ќе мора да одат во самоизолација.





