По денешната изјава на шефот на државата дека никогаш не прогласил вонредна состојба поради бројот на заразени, реагираше пратеникот Антонијо Милошоски:
„На 30 мај Пендаровски тврдеше дека заради зголемениот број на заразени и починати сограѓани прогласува вонредна состојба!
Само 13 дена подоцна Пендаровски ‘тврди’ дека тој никогаш не прогласил вонредна состојба заради бројот на заразени и починати и таквите споредби биле неосновани.
Зошто Пендаровски денес одбра да се самодемантира најдобро знае неговиот другар – носителот на вирусот Заевизам“, напиша Милошоски на Фејсбук.






