Солта е “тивок” непријател на современиот човек! Зголемената употреба на сол или “белата смрт”, како што некои ја нарекуваат, незабележително и секојдневно ни ги оптоварува бубрезите, срцето и крвните садови. Смртноста од овие заболувања во светот вртоглаво расте.
Како да ја спречите оваа “епидемија” на модерното доба? Едноставно – внимавајте што јадете. Избегнувајте солена храна колку и да е вкусна!

Ако бројачот вели дека денеска сте внеле 2400 мг, тогаш вие сте го достигнале максимално дозволениот внес. Натриумот е составен дел на солта (нејзиното име и презиме е натриум хлорид) и во еден грам сол има околу 40% натриум. Лесно можете да пресметате дека дневниот внес на сол треба да изнесува најмногу 6 грама, што одговара на една кафена лажичка сол.
Неколку совети како да го намалите внесот на сол:
– Направете домашна супа со малку сол.
– Јадењата место со сол зачинувајте ги со бибер, лук, оригано, нане, босилек, мајчина душичка и други мирудии.

– Во салатите не ставајте сол, зачинете ги со лимон или оцет.
– Кога сте во ресторан нарачајте помалку солена храна.
– Отстранете го соларникот од вашата маса





