Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека полицијата ќе се врати во квартот во Сиетл што е под контрола на демонстрантите, јави Би-Би-Си.
По неколкудневните насилни протести, полицијата во понеделникот беше повлечена од еден дел од Сиетл а демонстрантите прогласија „автономна зона“.
Трамп ја оцени ситуацијата како „преземање на градот од страна на домашни терористи“.
Трамп најпрво побара од гувернерот на државата Вашингтон да преземе полициска акција против демонстрантите, но во меѓувреме вети реформа на полицијата, полициските процедури и на правилата на службата“.






