Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, попладне ќе присуствува на одбележувањето на годишнината од таканаречениот Кумнановски договор со што беше ставен крај на НАТО-бомбардирањето на Југославија.
„Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи заедно со претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи и Генералниот Командант на КФОР, Мишел Риси, по повод 21-годишнината од ослободувањето на Косово, односно престанокот на НАТО бомбардирањето на Косово, со почеток во 17:30 часот, ќе го посетат Музејот “Блаце ’99”, соопштија од Секретаријатот за европски прашања (СЕП). (МКД)






