Шефот на државата утре се очекува да се изјасни околу состојбата со пандемијата на коронавирус во Македононија и околу тоа дали се можни избори на почетокот на јули.
Извесно е дека техничката влада нема намера да побара од предтседателот да ја продолжи вонредната состојба откако вчера со Уредба побара започнување на подготовки за избори на 5-ти јули, датум што го протежираат СДСМ и ДУИ.
Претседателот Стево Пендаровски, ќе треба да ги има предвид драматично високиот број на случаи на Ковид-19 за евентуално продолжување на вонредната и без предлог на Владата.
Но, и пораките од Брисел доставени преку еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји кој вчера побара фер и инклузивни избори во Македонија, односно дека еднострано објавување на датум за избори без консензус од сите политички партии ниту гласање во влошена состојба со Ковид19, не е посакувано.





