Преговараат ли партиите за датумот за избори?

Политичките партии прговараат за датумот за избори во пресрет на истекувањето на важноста на вонредната состојба в сабота, дознава Радио Слободна Европа.



Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на денешната прес конференција истакна дека треба да се почекаат неколку денови за да се види како ќе се одвиваат партиските консулатации и епидемиолошки трендови, откако Влада донесе уредба со која треба да почна подготовки за избори на 5-ти јули, датум што го протежираат СДСМ и ДУИ.

„Затоа што ние сме уникатен пример во светот, кој во тек на пандемија нема функционален парламент по ничија вина. Затоа што се распушти Собранието со намера да имаме избори на 12 април. Во однос на изборите, на сите ни е јасно дека во вакви услови, класична кампања во смисла на собири и средби со граѓани не може да има. Дилемата е повеќе дали изборниот ден се разликува од другите секојдневни активности на граѓаните кога ги обавуваат своите нормални животни функции. Тоа ќе се има во предвид при донесувањето на конечната одлука. Датумот треба формално да го потврди претседателот на Собранието изменувајќи ја одлуката за распишување на изборите на 12 април“, одговори на новинарско прашање Османи, на денешната прес конференција.

Во меѓувреме ниту од СДСМ ниту од ВМРО- ДПМНЕ официјално не одговараат на новинарски прашања како течат преговорите за датум за избори, јавува РСЕ.