Денеска 175 новозаразени, 5 починати од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 и 5 починати лица.



Тројца се Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.

Најмногу случаи има во Скопје 131, Куманово 24, Штип 2, Прилеп 2, Тетово 5, Струга 2, Велес 4, Охрид 1, Гостивар 2, Свети Николе 2, информира Министерството за здравство.