Али Експрес побрзо стига од Кина отколку од Македонски Пошти до Драчево

Повеќе читатели на expres.mk реагираат на долгото чекање на нарачаните пратки од aliexpres.mk и други фирми за онлајн продажба од Кина и други земји.



Според нарачателите на стоки проблемот не е во дистрибуцијата до Македонија туку откако стоките ќе пристигнат во Македонија.

Таканаречениот “tracking” систем за следење на нарачаните производи покажува дека откако тие ќе пристигнат во Македонија на Макеоднски Пошти им се потребни денови, недели а во некои случаи и месеци за да бидат доставени во низ земјава.

И од објавената фотографија се гледа дека стоки што пристигнале на 25 мај не биле локално дистрибуирани најмалку десет дена откако влегле во Македонија. Во други земји оваа процедура трае најмногу до 5 дена.

Тие што имаат мака со оваа тема велат дека страницата на Македонски Пошти не работи односно не се отвара и воопшто неможат да добијат информации за своите нарачки.

Слично е и со телефонската комуникација во дирекцијата на Макеоднски Пошти никој со денови не крева на телефон.

Десетици илјадни макеоднски граѓани нарачуваат онлајн производи и за тоа плаќаат сериозни суми во буџетот на Макеоднски пошти и македонската царина.