Инспекторка, Мицкоски, СДСМ, МВР, кривична пријава за дрога

Каква е врската меѓу инспекторката Мери Проја Продановска која што направи прес конференција пред кафеаната каде што ручал лидерот на опозицијата Мицкоски, со јавното обвинителство кое отфрлило кривична пријава против нејзин близок роднина.



Според неофицијални информации кои ги објавува инфомакс.мк, полициски службеници во 2017 година во дворот од викенд куќата во Маркова Сушица сопственост на родителите на Мери Проја Продановска поточно во фолијата каде одгледувале зеленчук пронашле 15 стебла од растение од растителниот род Cannabis, по што од страна на полицијата до ОЈО била поднесена кривична за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Но, иако целиот настан бил расчистен и соодветно документиран, од непознати причини истата кривична пријава од страна на ОЈО Скопје во август 2018 година била отфрлена.

Па според тоа логично се наметнуваат неколку прашања чии одговори јавноста има право да ги знае,пишува порталот.

Дали ОЈО Скопје ја отфрлило кривичната пријава иако истата била поткрепена со несоборливи материјални докази, само затоа што пријавата е против член од потесното семејство на Мери Проја Продановска која важи за блиска до владејачката СДСМ и истата била носител на советничка листа во Кисела вода на локалните избори во 2013 година од редовите на СДСМ?

Линк до целиот текст овде