Премиерот на Словенија, Јанез Јанша, е вознемирен зашто водечките медиуми во Словенијане ги критикуваат или осудат транспарентите „Смрт на Јаншизмот – слобода на народот“, кои се појавуваат на протести против неговата влада.
„Овие транспаренти се организирана смртна закана и не можат да се релативизираат на кој било начин“, рече тој за приватната телевизија Нова24ТВ, блиска до неговата Словенечка демократска партија (СДС), пренесува Хина.
То, според него, потсетува на начинот на кој дејствувале нацистите во Германија во 1930-тите години, но и комунистите по 1945 година.
“Во Германија се зборуваше дека извиците ‘Juden raus’ не биле директна закана за никого, но подоцна луѓето завршиле во крематориум.
Кога во 1945 година се извикуваше ‘Смрт за фашизмот’, исто така се тврдеше дека не станува збор за закана особено за некој, а подоцна луѓето беа стрелани, фрлани во тенковски ровови или заѕидувани во напуштен рудник “, рече Јанша.





