Велешко езеро , сместено на сам излез од Велес, е езеро- артакција, место за уживање, и за него не постои ограничен временски период за посета. Велешкото езеро е аракција во сите сезони, а пресната риба подготвена на многу начини знае да намами многу посетители во секое време од денот, од деновите- работни и неработни и во текот на годината, студено или топло.

Од Општина Велес истакнуваат дека градот има големи планови за уредување на езерото со што ќе го направи туристичка атракција која ќе привлече многу посетители поради неговата одлична местоположба.
Велешко езеро во зима, доколку се температурите многу ниски, се случува да замрзне и тоа на дебел слој кој овозможува движење по езерото . Досега има неколку примери кога на околу 15 степени под нулата, се создава дебел слој на мраз. И тогаш езерото претставува вистинска атракција за велешани. Тоа привлекува голем број посетители кои уживаат во лизгањето по езерото.
Рибите, особено познатиот езерскиот крап, многубројните видови на птиците, водните патки, сколовранци и други птици се природно богатрство кои го прават езерото интересно и со богата фауна.





