Нема владина одлука за полициски час поради зголемената појава на вирусот. Аргументите за и против, го натераа министерот за здравство, Венко Филипче да го повлече предлогот, дознава Алсат.
Според извори на Алсат имало жестока дебата денес во Кризниот штаб околу предлогот на Комисијата за заразни болести да се воведе ограничување на движењето во критичните градови од 22:00 до 5:00 часот.




