Микробиологот Никола Пановски, во „Топ тема“ во Телма телевизија, а во врска со состојбата со коронавирусот, изјави дека епидемиолозите знаеле дека ќе се згилеми бројот на заболени, но како под наредба или ургенција излегле на прес конференција на 25-ти мај да кажат дека се е под контрола.
Докторот вели дека не требало да потпаднат под притисок.
“Епидемиолозите знаеја дека бројот ќе расте повторно, но излегоа на прес конференција на 25 мај и кажаа дека се е под контрола, како да имаа некоја наредба или ургенција што мене како доктор ми пречи, затоа што требаше да останат со науката и да не подлегнуваат на притисоци… Се виде евидентно дека од први мај наваму дека бројот расте, се виде каде расте и каде ќе продолжи да расте, не се направени превентивни мерки кај населението, не се реагираше остро кога требаше, како кај ифтарските вечери”, рече доктор Пановски.
Пановски вели дека на верските празници им се даде предност пред здравјето на луѓето. Пановски го критикуваше техничкиот премиер Спасовски кој тогаш рече дека не сме можеле да се спротивставиме на некои верски обичаи коишто ги имаме, што го стимулирало населението во разлабавување на однесувањето на луѓето.
Доктор Пановски исто така истакна дека во моментот кога требаше да се разлабави работата и мерките онаму каде што имаше по 5 случаи, тоа не се случи.
“Не требаше да се укине полицискиот час, како останат дел од мерките за пензионерите и превозот”, рече микробилогот.
Пановски посочи во однос на карантинов викендов дека луѓето не се виновни затоа што никој не сака да седи во стан 80 часа, туку дека потклекнале надлежните во однос на справување со состојбата со вирусот.






