Глобалниот „Совет за толеранција“ со поддршка за новата мировна иницијатива за Либија

Претседателот на Глобалниот совет за толеранција и мир (ГЦПТ) Ахмед бин Мохамед Ал Џарван ја поздравува иницијативата на владата на Арапската Република Египет за решение на кризата во Либија.



Глобалниот совет за толеранција и мир е меѓународна организација во која учествуваат парламентарни претставници од повеќе од 70 држави во светот.

Ахмед бин Мохамед Ал Џарван ги поддржува напорите на Египет кои вклучуваат итен прекин на огнот и враќање на процесот на изнаоѓање решение на политички патеки.

Алџарван кој остро го осудува „невиденото мешање на странски сили на либиска територија“ ги повика ривалите во либиската граѓанска војна,
меѓународно признатата влада во Триполи и либиската Народна армија
предводена од генералот Калиф Хафтар, во најкраток рок да одговорат на египетската иницијатива, со цел да се постигне заеднички национален интерес со запирање на крвопролевањето и борбите и да се трасира патот за
формирање независни институции во земјата.

Египетската иницијатива предвидува и формирање Претседателски совет што ќе ги претставува трите региони во Либија, кои ќе ја водат земјата во наредниот период од 1,5 година, по кој ќе се одржат избори.

Планот на египетскиот претседател вклучува обединување на сите
финансиски институции во Либија и распуштање на паравоени сили.
Покрај Обединетите нации, владата во Триполи е поддржана од Турција,
Италија и Катар, додека Хафтар е поддржан од Франција, Русија, Египет,
Јордан, Обединетите Арапски Емирати и други важни арапски земји.