Фрчкоски меѓу подносителите на кривичната пријава за академик Ќулавкова

Според нивниот интернет портал меѓу членовите на Управниот одбор на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија се наоѓа и екс министерот за внатрешни работи и одбрана и кандидат на СДСМ за претседател на Македонија професорот Љубомир Фрчковски.



Покрај Фрчкоски меѓу луѓето кои поднесле кривична пријава за говор на омраза против академик Катица Ќулавкова се и:

Алберт Муслиу, аналитичар и претприемач;

проф. д-р Беса Арифи (Сестра на градоначалничката на Тетово од ДУИ);

Новинарот Борјан Јовановски;

проф. д-р Гордан Калајџиев, кој според интернет страницата на ХК е претседател на организацијата;

Судијката Маргарита Цаца-Николовска;
проф. д-р Мимоза Ристова;
Адвокатот Сашко Дукоски;
проф. д-р Румена Бужаровска;

На веб сајтот на ХК е објавено соопштението кое што го цитираат медиумите но јавноста не во него не се открива точно кој ја иницирал, кој ја составил и по која процедура е покрената кривичната пријава против Ќулавкова.

Според соопштението Хелсиншкиот комитет основата за кривична пријава против академикот ја наоѓа во “имплицирање” што според други експерти за оваа област е срамно за професорот по кривично право Гордан Калајџиев кој е претседател на комитетот.

“Нејзиниот твит „Цената на соживотот ја плаќаме со животот“ имплицира дека причината за ширењето на вирусот се меѓуетничките односи, а не општо распространетото непочитување на мерките. Имајќи предвид дека во нашата држава доминира говорот на омраза токму на етничка основа, ширењето и поттикнувањето на таквиот говор има посебна тежина, затоа што води кон злосторства од омраза, односно кон распламтување на националистичките страсти”, пишува во соопштението на ХК.

Според соопштението членовите на комитетот се свесни дека пријавата ќе биде одбиена со што индиректно признаваат дека таа може да е алатка за политичка пресметка со критичарите на власта и СДСМ под чие влијание е организацијата.