Граѓани на 17 земји од денеска ќе можат да влезат во Словенија без никакви ограничувања, но Македонија не е на тој список.
Претходно, на граѓаните на Австрија, Хрватска и Унгарија им беше дозволено да ја преминат границата на Словенија, а сега тој список е проширен во уште 14 земји, пренесува СТА.
Дозволен влез е за граѓаните на Бугарија, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Германија, Грција, Исланд, Латвија, Литванија, Лихтенштајн, Норвешка, Словачка и Швајцарија.
Ссписокот е заснован на епидемиолошката состојба во споменатите земји, но доколку ситуацијата во која било од нив се влоши, ќе бидат отстранети од списокот.
Граѓаните на државите кои не се на списокот, по влез во Словенија ќе треба да одат на 14-дневна карантин.
Исклучени од оваа мерка се работници во меѓународниот сообраќај, и носителите на дипломатски пасоши.






