Првата епизода од седмата сезона на ТВ серијата “Игра на тронови”, која што премиерно беше прикажана во понеделникот ги надмина сите рекорди на гледаност на ХБО мрежата.  Неа во првото емитување ја гледале над 16 милиони луѓе, со што стана најгледаната премера на ХБО воопшто. За споредба, првата епизода од минатата шеста сезона ја гледале околу осум милиони фанови, а пак, последната 25,7 милиони.



Прекрасната приказна за дворските игри околу престолот, чиишто креатори се Дејвид Бениоф и Д.Б. Веис, привлече милиони фанови ширум светот и освои бројни номинации и награди, како што се „Еми“ за најдобра драма серија, или номинацијата за „Златен глобус“ за најдобра телевизиска серија. Патем, Питер Динклиџ освои „Еми“ за најдобра машка споредна улога.

Уште по третата сезона авантуристичко-фиктивната приказна сместена во Средниот век ја симна од врвот на гледаност дотогаш најгледаната ХБО серија “Сопранови”. Втората епизода од новата сезона на „Игра на тронови” ќе биде емитувана в понеделник, 24 јули.