Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде с’е започна, Кина, се побезбедни земји во однос од Коронавирусот, споредено со Македонија, оцени денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски откако денеска „Форбс“ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на коронавирусот, на која ја нема Македонија.



„За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија…Македонија е оценета дека не е безбедна. “, соопшти Мицкоски.

При истражувањето на Форбс се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата.

За најбезбедна земја е оценета Швајцарија, додека најопасна е Јужен Судан, пишува Форбс.