Во изминатите 24 часа регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19 од 854 направени тестови.
Две лица починаа, а шест пациенти оздравеле.
Според Министерството за здравство, најголем број од новорегистрираните случаи се во Скопје, дури 53. Следуваат,
Куманово – 11, Штип – 12, Кочани – 9. Тетово – 8, Велес – 3,
Гостивар – 3, Охрид и Крива Паланка по 1.
Со денешниот биланс вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 3.000 и изнесува 3.025.
Починале 153 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.226.




