Неверојатно: ДУИ се пожали дека Албанците се нерамноправни

По 18 години на власт, стотина министри, илјадници директорски и десетици илјади работни места за нивни членови од кои некои воопшто не одат на работа, стотици тендери и низа скандали и амнестии, со албанскиот официјален јазик, ДУИ се жали дека Албанците се онеправдани од системот.



Иако и самите во соопштение велат дека Охридскиот договор се спроведува, албанскиот јазик сега веќе е службен, а Албанците предводат најмногу позиции од било кога сепак за да биде се како што сакаат треба да има Албанец премиер на Македонија.

„Но сепак, поради тенденциите на исклучување и одбивност на рамноправноста, Албанците се соочуваат со потешкотии во работните места, во секојдневниот живот и се соочуваат со селективна правда. Затоа, ова не поттикна да го превземеме следниот чекор, за да ги тргнеме и последните потешкотии на граѓаните Албанци, на начин што ќе имаме потполна рамноправност, целосен пристап и одговорност во владеењето. Ова е причината зошто се ангажираме да имаме прв албански премиер во Северна Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ.