Ниту еден од вработените од Институтот за јавно здравје не е позитивен на ковид-19, велат од оваа институцијата за плусинфо.мк.
„Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од Инстутот за јаво здравје потврдена од директотот на институцијата Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана. Официјалните информации за состојбата со ковид-19 се објавуваат на интернет страницата на Институт за јавно здравје и на страницата на Министерство за здравство“, наведуваат од ИЈЗ за порталот.
Вчера министерот за здравство Венко Филипче, како што објави порталот МКД.мк. тврдел дека двајца лекари и медицинска сестра од ИЈЗ се позитивни на коронавирусот.
Линк до мкд.мк
Линк до плусинфо.мк






