Ферари му достави спектакуларен предлог на Себастијан Фетел кому договорот со Италијанците му истекува на крајот од оваа сезона, а во инсистирањето најдобар аргумент секогаш се парите. Според извори блиски до црвениот тим, на четирикратниот светски првак веќе му се понудени 138 и пол милиони долари кои тој најверојатно ќе ги прифати.
Екипата од Маранело долги години се обидуваше да стане конкурентна со Ред Бул и Мерцедес, и конечно во претходната сезона успеа во желбата. Кога веќе 30. годишниот Германец се покажа таличен, а и квалитетен сигурно, Ферари излезе со понуда која е најголема во светот на спортот во моментов зошто НБА ѕвездата Стеф Кари потпиша пред некое време со Голден Стејт за 200 милиони долари за пет години, а Лионел Меси од Барселона доби 160 милиони евра за четири години.





