УЕФА го одреди Џанлука Роки да го суди мечот на 8. август во Скопје меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. 43 години возрасниот делител на правдата од Фиренца е еден од најдобрите фудбалски судии од Италија и на светот, па неговото именување воопшто не е изненадување.
Роки до сега три пати им судел на Кралевите кои имаат победа, пораз и реми, а кога му свирел на тимот од Олд Трафорд, црвените имаат две победи и пораз. Супер Купот е за 18 дена и ќе се игра на арената Филип втори во Скопје.





