Повеќе од два пати помалку случаи на коронавирус споредено со претходниот ден регистрирани се во последните 24 часа.
По изработени 835 тестa, регистрирани се 79 нови случаи на заболени од Ковид-19, а процентот на позитивните во однос на вкупниот број тестови е сличен како и претходните денови и се движи околу 10%.
Распоредено по градови:
Скопје – 44
Куманово – 9
Тетово – 8
Гостивар – 6
Штип – 3
Велес – 3
Прилеп – 1
Струга – 1
Охрид – 1
Битола – 1
Неготино – 1
Делчево – 1
Истовремено, 8 пациенти се излекувани, а починаа 2 пациентa позитивни на Ковид-19.





