Дел од партиската програма на Мирослав Шкоро, лидер на Домовинскиот покрет во Хрватска е подобрување на квалитетот на животот, за што се опредлага формирање „Министерство за среќа.
Анита Фрејман, членка на движењето „Домивински покрет“ и „доктор за среќа“ е одговорна за вклучување принципите во програмата (веројатно на таквото министерство). Има докторат по економија на среќа.
„Тоа е комбинација на економија и психологија, со која светските економисти се занимаваат повеќе од четириесет години. Министерства за среќа веќе постојат, на пример во Бутан, каде што одамна сфатија дека БДП не е показател за квалитетот на животот и благосостојбата во земјата”, вели Фрејман за „Вечерњи лист“.
Фрејман, екоја можеби е идна министерка за среќа вели дека основната задача на тоа идно министерство за среќа или за задоволство, а можеби и само агенција, е да спречи одлуки кои го намалуваат квалитетот на животот, вели Фриман и наведува отворање на фабрики во населени места, како пример.





