Трајкоска за борбата со Ковид-19 и карантинот: Ви растат магарешки уши како мене?!

Жанета Трајкоска од Институтот за комуникациски студии го коментира справувањето со ешидемијата на коронавирус во Македонија, со акцент на карантинот продолжениов викенд.



„Накратко:
1. Сè е О.К. што луѓето заминале на викенд низ Македонија, нема да се шири вирусот, иде лето, ќе се шета ама носете маски.
2. Оптимисти сме, иако бројките се огромни оти ќе се намалеле за 1 недела, бидејќи најголем дел од заболените се од фамилии како резултат на семејните собири и настани пред и околу 24 и 25 мај.
3. Околу 90 отсто од заболените во Скопје се од 15 фамилии и најголем дел се без симптоми.
4. Концептот ‘за доброто на сите’ е флуктуирачка категорија, за едни е добро, за други и не е толку добро и само строго со нив.
Заклучок: Во Скопје седиме 80 часа во карантин заради 15 фамилии, а всушност не сме требале да седиме дома затворени, сме требале да отидеме на викенд некаде надвор од Скопје оти тоа е сосема разбирливо за властите и е О.К.
Прашање: може да го фрлам ѓубрето или ќе ми опнете казна за непочитување на карантинот?!

П.С. Ви растат магарешки уши како мене?!“, прашува новинарката.