Александар Јорданов: Многу видни Македонци се чувствуваат како Бугари

Бугарија не се откажува од напорите да го докаже бугарскиот карактер на Македонија. Во обидот се вклучи и поранешниот амбасадор на Бугарија во Скопје Александар Јорданов.



И за него Македонија е вештачка творба со малцинства во други земји, која ги игнорира историските факти. Јорданов има дилема кога е создадена Македонија, дали по втората светска војна или 1992 година откако станала независна и почнала да води независна политика.

Официјална политика на земјата од независноста е разграничување и дистанцирање од соседите пред се од Бугарија како најблиска за да се поттикне сопствената позиција. Многу видни луѓе во Македонија се Бугари, тврди Јорданов

Според Јорданов во обидот да се фалсификува историјата е вклучена и МАНУ која што ги крие песните за бугарскиот карактер на Македонија напишани од Ацо Караманов кој на 19 години загинал како партизан а пишувал на бугарски јазик.

Според него договорот е политички а на научен документ и не решава за научни прашања, со него Бугарија ќе докаже дека е принципиелна по признавањето на Македонија во 1992 година.

Тој тврди дека во меѓународното право нема признавање на нација и јазик, досега ниедна држава не барала Бугарија да признае нација и јазик затоа што тоа е работа на науката. Со актот од 1992 година Бугарија кажале се, признаваме се што сака Македонија, во 1999 година тоа беше потврдено, смета екс амбасадорот.

Јорданов за  бугарските медиуми вели дека ситуацијата сега е според народната „На нероден Петко капа му кроиме“, затоа што никој нема информација што решиле политичарите.