Поранешниот директор на бугарскиот културен центар во Скопје, Спас Ташев тврди дека македонскиот јазик бил признат од Бугарија уште во СФРЈ кога Софија потпишувала билатерални договори со Белград.
Според него во Југославија македонскиот јазик бил еден од официјалните јазици на заедницата и за тоа никој во Бугарија не правел проблеми.
Договорот не може да има последици за Бугарија а министерката за надворешни Захариева влегла во непотребна процедура за објаснување на јазикот, таа не требало да расправа за научни лингвистички теми, изјавил Ташев за бугарските медиуми.
Романија ја признава Молдавија која има официјален Молдавски јазик а тој е всушност романскиот јазик, вели Ташев според кого во Македонија нема бугарски весници, телевизија радио и затоа не можеме да очекуваме напредок.
Тој смета дека во последните 25 години Бугарија не успеала да направи соодветно влијание во Македонија и за тоа се виновни сите бугарски влади иако дури и ЦИА пред половина век пишувала дека во Македонија живее народ со бугарско чувство.
Ташев тврди дека голем број од македонските политичари од десницата во четири очи во Стразбур изјавувале дека се Бугари но тој не прицизира за кого се работи.





