Реакција на професорката Гордана Силјановска на изјавата на лидерот на СДСМ дека коронавирусот ослабнува.
Целиот статус на професорката во продолжение:
СТАРО-НОВИОТ ОПАСЕН ВИРУС!
Политички надри лекари предупредуваат : течењето на носот не е симптом на корона вирусот.
Лекарите укажуваат: не мора да биде, но може да е.
Јас пак, сметам дека: постојаното неконтролирано ТЕЧЕЊЕ на нејасни, неразбирливи, контрадикторни и конфузни изјави, небаре надојдена, матна река од натрупани, нафрлени, бесмислени зборови – е симптом на вирусот на лагата и глупоста.
Вербалниот кошмар ги напаѓа сите сетила на слушателите, а најмногу УМОТ, оти е надвор од здравиот разум.
Нашиот народ вели: рече и остана жив!
За Тихон, МИСЛАТА е ПОБРЗА од светлината. ТАА лета на крилјата на умот и СВЕТИ!
Лагата и глупоста СЕ ТЕТЕРАВАТ, не БЛЕСКААТ, туку ја ПОМРАЧУВААТ вистината!





