Косовскиот претседател Хашим Тачи вели дека нема да има размена на територии, но дека на крајот, Белград ќе го признае Косово, јавува косовската Клан ТВ.
„Србија ќе го признае Косово како независна и суверена држава, почитувајќи го сегашниот територијален интегритет на Република Косово“, рече Тачи.
Тој нагласи дека е оптимист „дека Прешево, Медвеѓа и Бујановац ќе влезат во Косово без затоа што тоа е историско право и ова би било само историско подобрување“.
„Не чини ништо за да го поставиме ова прашање, ќе го покренеме без двоумење и без страв“, рече Тачи.
„Идејата ми беше да направам корекција и Прешево, Медвеѓа и Бујановац да ги припојам на територијата на Република Косово, затоа што Србија нема интерес за тие граѓани“, изјавил Хашим Тачи, како што пренесува Б92.






