Меѓу снимките од десетиот ден протести во САД, агенцијата Ројтерс ја пренесуваа оваа на која се гледаат двајца полицајци како со палка туркаат на земја повозрасен 75 годишен човек и потоа „ладно“ минуваат покрај него.

На видео снимките на локалната радио станица во Бафало во сојузната држава Њујорк се слуша звук сличен на пукање на коски, а потоа се гледа како срушениот демонстрант крвари од главата.
Полицаецот кој го турнал се наведнува над него, но негов колега го повлекува и продолжуваат.
Полицајците биле суспендирани а Ројтерс јавува дека старецот бил пренесен во болница и дека се чувствува добро.






