Официјално: 120 новозаразени, двајца починати

Во последното денонокие регистрирани се 120 нови случаи на Ковид-19 на спроведени 953 тестирања.



Најголем број случаи пак има во Скопје – 67.

Во Куманово има 19 новозаболени, Штип 16, Прилеп 4, Тетово 9, Велес 2, Гостивар 1, Неготино 1, Струмица 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.