Во Комисијата за заразни болести сметаат дека ако за претстојниот продолжен викенд поради празникот Духовден не се вратат рестриктивните мерки во делови од земјата, каде што има многу активни случаи, постои голема опасност коронавирусот да почне неконтролирано да се шири, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.
Од Институтот за јавно здравје за МИА потврдија дека бројката на новозаразени со корона денеска ќе биде над 100.
Владата одржува вонредна седница, па можно е уште денеска да се знае дали ќе има заострени мерки за време на викендот и дали ќе бидат затворени неколку општини каде има најмногу заболени.






