Денес во 12 часот напладне советникот на Заев, Филип Андов Сокол кој е вработен во владата на Македонија како советник за младите во Скопје, вербално му се заканувал на кандидатот за пратеник Игор Дурловски а му ја загрозил и личната безбедност.
Андов го нападнал Дурловски со навреди и пцости на политичка основа, заканувајќи му дека ќе лежи 100 години затвор, а со возилото БМВ со бугарски регистарски таблички му ја загрозил и личната физичка безбедност во сообраќајот.
Дурловски настанот и заканите ги пријавил во надлежната полициска станица по што се очекува соодветен поднесок против напаѓачот.






