На новинарско прашање дали кризниот штаб размислува за некакви мерки, доколку дојде до ситуација да се стави Скопје повторно во карантин, градоначалникот Петре Шилегов вели дека се работат сите сценарија што се неопходни.



„Единствен начин да се заштитиме е да ги почитуваме препораките, меѓу другото и за лична самозаштита, во смисла на носење на заштитна опрема. Мора да научиме да живееме со определени здравствени протоколи од влегување во супермаркети, од влегување во аптеки.

Очекувам дека брзо ќе се отворат и градинките, ќе започне новата школска година ќе мора дечињата и таму да се водиме сите под поинаков режим“, вели Шилегов.