Мицкоски: Прво за здравјето, а потоа за избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција порача дека приоритет е заштита на здравјето на граѓаните од коронавирусот, а потоа, на првиот слободен термин да се оди на избори.



Според Мицкоски, за датумот за избори би можело да се разговара кога бројот на новозаболени би бил блиску до нулата, а бројот на починати биде нула.

„Дали Зоран Заев, дали ДУИ, ќе одат на избори кога ќе броиме десетици заболени и по 5-6-7 мртви, тогаш секоја чест и немам што да додадам ниту да одземам на нивната одлука бидејќи втурнувањето на граѓаните во еден таков период, за мене, како одговорен човек, политичар, значи дополнително зголемен ризик по нивниот живот“, рече Мицкоски.