СЗО: Нема докази дека вирусот слабее

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат експертите од Светската здравствена организација (СЗО).



„Нема промена во однос на преносот, нема промена во однос на јачината“, рече епидемиологот на СЗО, Марија ван Керхов.

„Најважно е да се спроведуваат мерките за намалување и сузбивање на преносот“, рече таа.

Некои водечки италијански лекари во неделата изјавија дека вирусот значително ослабнал и дека тој веќе клинички не постои во земјата, што предизвика полемики и негодувања кај експертите, пренесува Макфакс.

Лидерот на СДСМ вчера изјави дека вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири.

https://www.facebook.com/volkovovmrodpmne/videos/3432779430084633/