Велика Британија и Канада не ја сакаат Русија во Г-7

Велика Британија и Канада се спротивставија на планот на американскиот претседател Доналд Трам за враќање на Русија и неколку други земји во групата на најразвиени држави.



Како што јави Би-Би-Си, во саботата, Трамп изјави дека ќе го одложи самитот на Г-7 закажан за овој месец во септември и додаде дека „застарената група на земји“, Г-7, треба да се прошири за да се вклучат и други, вклучително и Русија.

Во неделата, Трамп го известил рускиот претседател Владимир Путин дека планира го покани на самитот.

Русија беше исклучена од групата – порано позната како Г8 – во 2014 година по анексија на Крим.