Премиерот на Романија Лудовик Орбан платил казна од 3.000 леи (690 американски долари) во саботата поради кршење на мерките за заштита од коронавирус со тоа што не носел маска за лице и пушел во затворена просторијас, соопшти државната новинска агенција Агерпрес.

На снимка која стана вирална на социјалните мрежи се гледа како премиерот во неговиот кабинет седи околу маса со неколку други членови на кабинетот, пуши цигара, додека ниту еден не носеше маски.

Во изјавата, Орбан призна дека ги прекршил правилата, и објасни дека некои членови на кабинетот се собрале во неговата канцеларија по долг работен ден на 25 мај, по повод неговиот 57-ти роденден, пренесе Ројтерс.