Во синоќешното гостување во „Што не е јасно“ на ТВ Алфа д-р Ненад Лазаров апелираше Комисијата за заразни да не потпаѓа под политички притиcок, како што го стори сега со прерано олабавување на мерките поради што имаме нов пик на опacниот вирус.
„Неопходно е таа комисија исклучително да дава само медицинско мислење без да дозволи да има политичко влијание на донесувањето на одлуки да има политичко влијание, ниту пак еден друг притисок, а тоа е притисок од бизнис секторот.
Обврска е и она што се очекува од Комисијата за заразни болести е да даде исклучително експертско мислење за постапките кои што треба од медицински апсект да се направат. Не треба тука да размислуваат во однос на економските последици, политичките последици туку апсолутно да се задржат со медицинското мнение. Ако тоа го прават нема да има проблеми. Меѓутоа чувствувам дека огромен е притиcокот врз нив како политички така и од бизнис заедницата, вели тој.
Тој упати и низа критики на сметка на членот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски посочувајќи на неговото ноншалантно однесување во ден кога имаме 7 починати од Ковид 19.
„Не ми се допаѓа самодовербата на колегата Караџовски, не ми се допаѓа стилот на однесување. Ситуацијата е пресериозна, само денес имавме 7 смртни случаи и насмевка на лице на лекар и здравствен работник е недозволива во една ваква ситуација, вели тој.
Лазаров потенцираше дека во моментов државниот апарат, Владата не е фокусирана на справување со корона кpизата туку на спроведување на избори и оти ова е недозволиво.
„Не можам да прифатам дека по секоја цена треба да истуркаме некакви избори затоа што државата ни е во криза. Па драги мои државата ни е во кpиза од кога памтам за себе“, заклучи докторот.





