И Спасовски во самоизолација

„Само што ги добив резултатите од денешниот ковид-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација“, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на ФБ.



Спсовски вчера во Куманово објави дека одржувањето на предвремнените парламентарни избори е 5-ти јули.

Спасовски еднаш веќе беше во самоизолација, во екот на корона-кризата во Куманово, неговиот роден град, каде што беше на состанок на Кризниот штаб, заедно со министрите Филипче. Бујар Османи и Арбер Адеми. Тогаш Спасовски ги извршуваше премиерските должности од својот дом во Куманово.