Епидемиолозите ќе кажат дали премиерот пак ќе оди во карантин

Се чека мислењето на епидемиолозите за тоа дали премиерот Оливер Спасовски по вторпат ќе биде ставен во изолација, потврдија за Плусинфо од Владата.



Спасовски вчера беше во Куманово заедно со директорката на УЈП , Сања Лукаревска, која денеска објави дека е позитивна на корона вирусот и е во самоизолација.

„Ги чекаме насоките и препораките од епидемиолозите. Штом ги добиеме, ќе постапиме веднаш и во целост согласно протоколите со избегнување и најмал ризик“ информираа од Кабинетот на премиерот.