Од утре ЈСП Скопје го укинува бесплатниот превоз за повозрасни лица. Оваа одлука доаѓа замо по неколку дена откако на 29 мај беше вратен бесплатниот превоз за пензионери, по зголемувањето на бројките на заболени од коронавирусот и реакциите во јавноста.
„ЈСП Скопје информира дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела. ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19“, се вели во соопштението на градското претпријатие.





