Избори на 5 јули е несериозно решение, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека „фиксираниот датум за избори на 5 јули кога би се случиле изборите не само што е несериозно, туку е морбидно, бездушно и нечовечки.



За жал овие бројки секој ден се зголемуваат и морбидно и бездушно е да се говори на тема избори. Во моментов треба единствено да ни е во интерес здравјето на граѓаните и како да ја намалиме бројката на смртност бидејќи гледаме во моментов Република Македонија е со највисока смртност во регионот“, рече Арсовски.

Претходно вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски од Куманово порача дека „тврдењата дека изборите би го загрозиле здравјето на граѓаните, или ека треба да се одложуваат за наесен, се нелогични“.

И престедателот на СДСМ, Зоран Заев смета дека избори мора да има час поскоро, бидејќи, според него, „време е нашата држава во целост да ги стави во функција своите институции, особено Собранието“.

 Од ДУИ велат дека принципиелно остануваат на ставот датумот за избори да се донесе со консензус, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши во својство на партиски функционер.

„Подготвени сме и наредната недела да одиме на избори, но треба да ги имаме предвид препораките на Комисијата за заразни болести и ситуацијата со бројот на заразени“, изјави вчера Бектеши.