Утрово и потпретседателката на Владата, Мила Царовска, објави дека е во самоизолација, откако нејзиниот сопартиец, Мухамед Зекири вчера објави дека е позитивен на корона вирусот.
„Ја информирам јавноста дека од денес сум во задолжителна самоизолација, откако вчера колегата Мухамед Зекири е позитивен на Ковид-19. Во текот на минатата недела имавме заеднички состанок на кој сите бевме со заштитна опрема и на препорачаната дистанца.
Сепак, согласно епидемиолошката анкета задолжително ќе останам во самоизолација до 9 јуни. Во текот вчерашниот ден направив и тест кој е негативен. Засега немам никакви симптоми и се чуствувам добро. Сите мои работни обврски продолжувам да ги извршувам непречено од дома“, соопшти вицепремиерката Царовска на Фејсбук.





