Протести во САД: Трамп евакуиран

Агенти на тајната служба го спровеле американскиот претседател Доналд Трамп во бункер во време кога демонстрантите ја опколиле Белата куќа, пренесува Си-Ен-Ен.
Трамп поминал речиси еден час во бункер во петокот вечер, изјави неименуван извор кој посака да остане анонимен.
Неименуван член на Републиканската партија близу Белата куќа изјави дека Трамп бил бргу одведен во подземниот бункер поради демонстрациите пред Белата куќа, а тоа го потврдил и друг службеник.




Подземниот специјален бункер под Белата куќа е изграден како засолниште за претседателот и високите функционери во случај на терористички напад или слична вонредна состојба.

Ненадејната одлука на Тајната служба укажува на вознемирено расположение во Белата куќа, каде можеле да се слушнат извици на масата луѓе во текот на целиот викенд, додека агентите на Тајната служба и полицијата се обидоа да ги потиснат масите.
Протестите за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд се шират низ Америка а во Вашингтон започнаа во петокот, а од тогаш, безбедноста во Белата куќа е засилена од Националната гарда и дополнителната тајна служба и полицискиот персонал.